Здраво, здраво!
Јас сум Матеј Тројачанец, уште малку па дипломиран психолог и најновиот член на PeopleOps тимот. Во IBORN сум веќе 3 месеци и најпрво започнав со пракса и сега во октомври ја направив транзицијата во вработен. Искрено, уште пред да дојдам тука слушнав само добри работи за оваа компанија и кога почнав да барам некаде каде да си ја кројам кариерата си реков зошто да не пробам и во IBORN. Без сомнеж, тоа беше правата одлука затоа што со сите кои соработував на почетокот беа супер-отворен и слободни да ми помагаат и да ме носат низ процесот.
Па, така, ќе почнам од Јули, кога започна оваа приказна. Најпрво се запознав со сите постоечки процеси и процедури, некои од класичните улоги на човекови ресурси, процесот на селекција на кандидати и алатките поврзани со тоа, како и правење на нарачки на компјутерска и канцелариска опрема. Одлично одеше целиот процес, па затоа и имав можност да присуствувам на неколку интервјуа за различни IT позиции, а потоа и сам да ги направам првите интервјуа за позицијата Customer Care Representative за нашата подружница Knowbook.
Понатаму, како течеше вториот месец повеќе се фокусиравме на неколку социјални настани, и така се роди и идејата за IBORN радиото. Ни требаше неколку дена да ги разработиме механизмите, ама сега веќе 6 недели одлично си функционира. За сега имаме само една програма, што (против моја волја хаха) е крстена „Матине со Матеј“. Така, секој понеделник гостуваат двајца колеги и зборуваме опуштено со нив на најразлични теми сè со цел да може да ги запознаеме ние што сме нововработените. А, во наредниов период активно работиме и на нови идеи за емисии така да stay tuned! 🙂
Исто така, нешто што не можам да го изоставам, а на што поминавме многу време е AlexisHR. На нашки „АцкаЧР“ е програм за полесно раководење на некои сегменти од компанијата, како водење на евиденција за слободни денови, циклуси на review, опрема која ја имаат колегите и слично. Имавме многу препреки, ама пополека почнуваме со активно користење на програмот и се надевам дека ќе ја намалиме времето што го поминуваме на вакви административни активности, а воедно ќе ни ги олесни малку животите.
Толку од мене за сега, се
слушаме во наредна прилика.
Excelsior!
