Ljupcho at our offices

Дневникот на Љупчо Стефанов 

Здраво

Јас сум Љупчо Стефанов и сум во последната година на ФИНКИ, насока Компјутерски науки и инженерство на Англиски јазик. Сакајќи да го надградам моето знаење почнав да барам пракси и така го запознав ИБОРН. Во ИБОРН започнав како практикант за System Administrator пред околу четири месеци.

Праксата ми започна со запознавање со Git, Bitbucket и со Redmine – web апликација за менаџмент. Redmine требаше детално да го проучам бидејќи првиот проект ми беше да ги подобрам неговите перформанси така што ќе го мигрирам на AWS Cloud. За AWS имав основни познавања, но ги надоградив со онлајн курсот на udemy AWS Certified Solution Architect кој беше обезбеден од ИБОРН. Преку овој курс се запознав со основните сервиси на AWS како што се S3, EC2, RDS, VPC и уште мнпгу други сервиси. Со помош на мојот ментор и интеграција на овие сервиси успеав целосно да го мигрирам Redmine на Cloud и значително ги подобрив перформансите.

Половина од праксата се одвиваше во просториите на ИБОРН и преку дружба и разговор успеав да ги запознамм повеќето од колегите во ИБОРН, но вториот дел од праксата се одвиваше од дома. Очекував работењето од дома да претставува огромен предизвик но со помош на мојот ментор и со помош на Hangouts тој проблем лесно се надмина и не ми претставуваше пречка да ги завршувам моите тековни задачи.

Успешното завршување на проектот резултираше со мое вработување и официјално придружување на тимот на ИБОРН. Самото вработување претставува нови предизвици, проблеми и одговорности за кои со нетрпение чекам да се соочам.

Поздрави и се читаме во некој нареден блог 😀