Здраво!
Читавте веќе за мене во претходниот блог сега ви пишувам повторно, но после поминати 2 месеци пракса во Iborn. За време на овој период научив многу нови работи, се соочив со неколку предизвици за кои ќе ви кажам понатаму.
Најпрво имав можност преку еден проект да се запознаам со една алатка за визуелизирање на податоците PowerBI. За успешно да ја завршам мојата задача беше потребно инсталирање на базите што ги користат во проектот, потоа и креирање на view кое што подоцна го користев во PowerBI. Со извршување на оваа задача научив како можам да ги визуелизирам податоците кои ги имам, како истите да ги тестирам дали се валидни, како и да ги согледувам работите од страна на оние кои што ќе ги користат тие извештаи односно од корисничка страна за кое ми помогна менторката. Продолжив со слушање на курсот за data science и нурнував подлабоко во оваа тематика учејќи како од препроцесирање на податоците, преку анализа на податоците, до користење на напредни статистички методи за градење на модел за предикција на однесувањето. При крајот на овој месец почнав со многу интересен проект на кој што работев сам и ми претставуваше вистински предизвик да го сработам за кој ќе прочитате повеќе слeдниот пат.
Пријатната и пријателската атмосфера која што секогаш владее во Iborn, секако помага да ги надминеме нашите предизвици како и подобро да си ја сработиме работата.
