Здраво, пак јас!
Крајот на третиот месец од мојата практикантската обука резултираше со мое официјално вработување во ИБОРН.
Во продолжение накратко ќе споделам што беа моите активности во минатиот месец. Работев на целосно довршување на интерниот проект за конверзија на фајлови.Се фокусирав на оптимизација на кодот, перформанси и ефикасност, како и на прегледноста и читливоста на кодот. Во втората половина на месецот работев и на реален проект со тимот од Primacare/AMN, каде се запознав делумно со бизнис логиката на медицински систем. Како официјален член на тимот можам да кажам дека со нетрпение ги очекувам новите предизвици кои следуваат.
Како интересни случувања од последниот месец би можела да ги издвојам неколкуте неофицијални дружења после работа и празничното новогодишно расположение кое започна со заедничкото китење на елка во просториите на ИБОРН.
