Дневникот на Викторија Лапевска

Дневникот на Викторија Лапевска

Здраво повторно.

Помина и вториот месец од мојата практична обука во IBORN. Во изминативе месец дена работев на интерен реален проект за конверзија на ексел фајлови во текст фајлови и обработка на статистички податоци. Навлегов длабоко во ASP.NET технологиите. Работејќи на проектот се сретнав со многу предизвици, нурнав длабоко и во JavaScript и JQuery, како и во парадигмата на базите на податоци.

За проектот користев архитектурен стил со кој досега се немав практично сретнато и беше огромен предизвик за мене да го совладам, знаејќи дека овој архитектурен стил е најчесто користената подлога за веб апликациите. На крајот од овој месец, се приклучив на тимот кој работи на Primacare, а после локалното поставување на проектот на мојот компјутер, го добив и првиот таск.

Можам со сигурност да кажам дека после завршениот работен ден во iborn.net, си одам дома со торба нови знаења кои имам можност да ги искористам уште наредното утро.

Секојдневните предизвици, учењето на нови работи, дружбата и колегијалноста кои живеат во iborn.net се мојата најголема мотивација да продолжам да се борам и да го достигнам својот врв.