Здраво! Јас сум Добринка Јанакиева и веќе нешто повеќе од еден месец сум практикант во iborn. Како студент во последна година на ФИНКИ, праксата е искуството кое ми е потребно за практично да ги применам теориските основи кои ги добив од студирањето до сега.
На почетокот од праксата се запознав со основите на SQL, на почетокот преку туторијали, а подоцна и со работа во PostgreSQL. Заедно со мојот колега Горан, за којшто читавте во претходниот дневник и со помош на нашите ментори преведував queries од Oracle SQL во PostgreSQL, за да добиеме подобра слика како се користат овие технологии.
По завршувањето на првата задача почнав со следење на онлајн курс за Tableau, Power BI, и продолжив да правам извештаи за еден од проектите во компанијата.
Додатно на одличната комуникација со мојот ментор Бојан, кој секогаш е спремен да одговори на моите прашања, се запознав и со многу од вработените и сфатив зошто iborn е позната по пријателската атмосфера. Од заеднички појадок во понеделник до заеднички состанок во петок, цела недела е исполнета со опуштени разговори на паузите од работа.
Се надевам дека во текот на наредните неколку месеци од мојата пракса ќе научам многу повеќе и ќе се соочам со нови интересни и продуктивни предизвици.
