Дневникот на Викторија Лапевска

Дневникот на Викторија Лапевска

Дневникот на Викторија

Здраво! Јас сум Викторија Лапевска, практикант за .NET во iborn.net. Тековно сум во последната година студии на ФИНКИ, насока Компјутерски науки и инженерство.

Веќе помина еден месец откако почнав со пракса. Праксата ја започнав со запознавање на Redmine системот, начинот на работа со него, запознавање  со Bitbucket и Tortoise Git. Потоа продолжив со следење на онлајн курс за Entity Framework, а по негово завршување продолжив со подолг курс за ASP.NET MVC.

Практичното надоградување во просториите на ИБОРН започна пред точно две недели, кога добив проект за градење на систем за Генерерирање на датотеки за плаќање.

Работејќи на тој проект се сретнав со некои проблеми за прв пат, но брзо ги совладав и надминав, благодарение на добрата соработка со мојот ментор. Во просториите на ИБОРН за прв пат се почуствував како дел од вистински тим, полн со ентузијазам и желба за работа. Работната атмосфера, супер пријателскиот однос на колегите и секојдневните предизвици ми претставуваат најголема мотивација и инспирација.

Нестрплива сум да напредувам практично и да ги совладам сите предизвици, со цел мојот напредок да биде преточен и во напредок за целата компанија.