Скендер во градината

Дневникот на Скендер Мустафа 

Дневникот на Скендер

Помина многу брзо и третиот месец од мојата пракса во IBORN, но резултатите овој пат се поразлични. Освен што моите вештини се развивале уште повеќе, по завршување на овој месец станав официјален член на тимот на IBORN.

Овој месец работев интензивно на развивање на мобилна апликација со React Native технологијата. Решавав багови, развиев нови фичери, плус имав можноста да деплојувам апликацијата на App Store. Исто така имав можноста да работам и со Laravel технологијата.

Гледајќи ги резултати лесно можеме да заклучиме  дека IBORN овозможува одлична програма за развивање на вештините на практикантите и давање на можноста за вработување.