Magdalena at our offices

Дневникот на Магдалена Софеска

Четирите практикантски месеци резултираа со мое вработување и официјално придружување на тимот на ИБОРН. Сега сакам да ги споделам моите искуства и патешествија од последниот месец на мојата пракса. Kaко последен тој донесе нови работи и предизвици, т.е запознавање со обврските и практиките коишто треба еден вработен да ги поседува.

Работев на целосно довршување на прототипот на апликацијата којашто ја изработував во текот на праксата, се фокусирав на педантноста во кодот како и неговата ефикасност. Сфатив дека секогаш треба да се посветуваме на читливоста и разбирливоста на кодот исто онолку колку што се посветуваме на неговата функционалност, бидејќи градиме стил на пишување код, кој подоцна можеби ќе биде реискористуван или пак употребуван од други, што би изгубиле драгоцено време во негово разбирање и толкување  доколку тоа не е случајот.

За оваа цел започнав со читање една книга наречена “Clean Code”, кадешто се дискутираат различните стилови на програмирање, неговата читливост, разбиривост како и функционалноста на истиот.

Сметам дека последниот месец се трансформираше во усовршување на стекнатите знаења од претходните месеци, здобивање со нови знаења како и запознавање со тоа што значи да се биде вработен во ИБОРН.