Како што тече времето, така и моите вештини во Iborn атмосферата се развиваат. Помина и вториот месец од мојата пракса во Iborn со многу интересни предизвици.
Во овој месец имав можност да следам онлајн курс за ASP.NET, и истовремено тоа учење да го применувам на конкретен проект на компанијата. Исто така до средина на вториот месец на праксата продолжив да работам на реалниот проектот што го почнав уште во првиот месец. Последниве две недели почнав да работам на нов проект каде што развивавме мобилна апликација со React Native технологијата и тоа е одлично искуство за мене.
Овие беа моите доживувања во вториот месец од праксата, се надевам дека и следниот месец ќе биде исто толку исполнет со нови предизвици!
