Здраво, повторно јас!
Но овој пат по завршената пракса, пишувам како вработен во IBORN.NET! Во овој текст со краток опис ќе ги споделам преостанатите активности пред моето вработување.
Како што веќе напоменав во изминатиот период ми се даде доверливост да работам на активен проект. Во рамките на нашиот проект јас како помлад одржувач за квалитет на софтвер, имам интересни задачи од кои најголем број од техничките ги набројав во претходниот текст. Но исто така комуникацијата со клиентот за прв пат во пракса го поттикна тоа што го сретнав теоретски во првиот месец, станува збор за начинот на комуникација со клиентот и процесот за развој на еден софтвер. Behavior-driven Development (BDD) е дел од Agile Development процесите и еден од најефикасните и најчестите методи користен денеска. Со употребата на BDD се овозможува олеснета комуникација на исто техничко ниво помеѓу двете страни. BDD со своите главно нетехнички функционалности доведува до зголемување на квалитетот на софтверот.
Исто така покрај мануелно тестирање во изминатиот период, активно работам и кон имплементација на автоматски тестови на ниво на нашиот проект. За време на првиот месец од праксата се запознав со Protractor Framework, но сега бидејќи нашиот проект се развива во .Net средина почнав да развивам тестови со помош на SpecFlow. SpecFlow функционира во .Net средина и е интересно што поддржува BDD. За работа со SpecFlow препорачливо е да се има познавање на Selenium, основни познавања на HTML како и C#.
Со тоа можам да кажам дека праксата се заокружи како една прекрасна целина што вроди плод.
До следен пат,
Илија
