Olgica at People Ops

Дневникот на Олгица

Здраво!

Со овој трет блог го заокружувам моето практикантско искуство во IBORN.NET. Топлите летни денови беа исполенти со многу активности и многу нови работи.

Регрутација, секојдневно контактирање со потенцијалните нови членови на IBORN.NET, пребарување и истажување, водење на практикантската програма, контактирање со наши соработници и грижа за добросостојбата на нашите вработени го исполнуваа секој мој ден и го правеа интересен и динамичен. На повидок се нови, поголеми и уште попредизвикувачки активности.

Ова за мене значи огромна можност за развој како професионалец но и како личност. Сета поддршка која ја имам од мојот тим, но и од целата комапнија, само уште повеќе ми влеваат самодоверба и чувство дека се’ може да се заврши со труд и секако тимска работа. За изминатиов период би ги извоила и прекрасните заеднички прослави во рамки на компанијата, меѓу кои и прославата на мојот роденден. Многу дружење и многу сладолед е само причина плус зошто секој ден во Иборн е убаво доживување.

Останете тука за да ги дознаете искуствата на останатите практиканти во IBORN.NET!