Изминатиот месец од мојата летна пракса помина во изучување на нови технологии кои се дел од целот процес на изработка на еден софтверски проект. Но работата на проект е она што навистина значи разбирање на нештата, поврзување на различни претходни искуства, начини нешто да се изведе и се разбира сето тоа проследено со фактор на време кој што е важен во софтверското инженерство но и во сите инженерски професии.
Исто така важен аспект на сето тоа е процесот на планирање на софтверскиот проект со кој што јас успеав малку да се запознаам, на тоа кои технологии треба да ги примениме на проектот, а не по секоја цена користење на дотогашните технологии со кои сме запознаени кои можеби не се соодветни и ќе резултираат со несоодветна имплементација, и трошење на многу време и ресурски во подоцнежните фази.
Работната атмосфера и односот на колегите во iborn.net е еден од клучните фактори на побрзо и полесно совладување на нештата.
