Здраво, моето име е Скендер Мустафа и моментално сум на крајот од моите студии на ФИНКИ и сакам да го проширам моето знаење преку пракса. Јас сум најновиот практикант во iborn.net. Мојата пракса во iborn.net започна пред еден месец.
Уште од првиот ден ја осетив пријатната атмосфера за работа, како и позитивното однесување на колегите, кои што веднаш ме прифатија и ми овозможија да се осеќам како дел од тимот на iborn. Во почеток на мојата пракса имав можност да се запознам со Redmine менаџмент технологијата, како и со BitBucket и GIT. После тоа започнав со креирање на спецификација за кориснички сценарија, што ми овозможи да се впуштам во решавањето на софтверските проблеми со кои се среќавав. Затоа што моите познавања за React JS, React Native и Redux технологиите беа доволни за да почнам некој DEMO проект, наредните две недели работев на DEMO проект “TODO app” за проширување на моите знаења подлабоко во овие технологии. И од четвртата недела од мојата пракса почнав да работам директно во реален проект на iborn.
Првиот месец од мојата пракса беше доста успешен со помош на мојот ментор и се надевам дека следниот месец ќе биде уште поуспешен.
