Еј! Пак јас?! Зарем толку брзо помина уште еден месец?
Здраво на сите. Веќе се запознавме, но за тие што не сме се запознале – jас сум Мирко Славковски и сум практикант во iborn.net. Вториот месец во iborn.net ми траеше небаре бил една седмица. А што значи тоа? Тоа значи дека овој месец се соочив со многу проблеми, багови, грешки, неправилно функционирање на нешто што штотуку сум го имплементирал. Не звучи толку добро па да ми помине бргу времето, нели?
Тоа е така бидејќи не се доискажав целосно. При сретнувањето на секоја грешка, јас со помош на мојот ментор, веднаш доаѓав до брзо и ефикасно исправување и решавање на истата. Тоа значи дека иако сум налетал на грешка, сум дошол до решение и веќе не ми претставува проблем, туку преку нејзиното решавање таа само ми го зголемила знаењето и искуството кое што ми реагира превентивно за следен пат да одбегнам сличен проблем.
Продолжив со изучувањето на Content Management System-от Drupal, освен онлајн туторијали, сега и од многуте книги и документации кои што ми ги обезбеди iborn.net и кои што многу ми помагаат при изучувањето. Покрај изучувањето на Drupal CMS, јас го учев и вежбав програмскиот јазик PHP, а тоа допринесе до значително олеснување при креирање на Custom модули и Entities за Drupal.
Модифицирањето на некоја постоечка функционалност или имплементирање на своја, иако првиот месец звучеше многу предизвикувачки и скоро невозможно, во вториот месец согледав дека не е. Полека, но сигурно, преку излегувањето од мојот “comfort zone” iborn.net ми овозможи да ги совладам работите кои што мислев дека се многу тешки за да бидат совладани.
Покрај работењето и учењето, овој месец како и првиот исто така имаше многу дружба со колегите од iborn.net. Околу крајот на вториот месец беше мојот роденден и имавме организирано мала забава заедно со Олгица и Јована, на која што одлично се забавуваше целиот тим на iborn.net. Како што кажав и минатиот пат, колегијалноста и пријателството се многу важна особина на вработените во iborn.net, кои што направија да се осеќам како дел од семејството уште од првиот ден.
Па така, и вториот месец помина… 😊
/* ‘Till next time v2.0 */
