Јули месец и топлините кои доаѓаат со него, за мене донесоа и нов предизвик, нова задача на која непрестојно работам. Се обидувам да го дадам својот максимум и целосно се посветувам во нејзината реализација како и во проширувањето на сопствеите знаења.
Навлегувам во светот на front-end технологиите т.е Angular 8, преку секојдневно гуглање и се разбира неизбежното Stack Overflow, кадешто читам и согледувам начини на кој се реализирани нешата и како истите би можеле да се искористат. Конкретно работам на изработка на front-end делот од веќе реализираниот back-end на Issue Tracking System – мини апликација што воедно беше и моја прва голема и важна задача. Со читање на голем број документации и примери, се одлучив да ја користам Angular Material како помошна библиотека за компоненти, што овозможува подобрување на респонзивноста и конзистентноста на веќе постоечките компоненти. Веднаш потоа се запознав и со starter-kit-от од Tomas Trajan како една доста многу моќна и корисна работа, што овозможува селдење на сите актуелни примери при креаирење на една Angular апликација.
Третиот месец од мојата пракса како што кажав ме насочи кон front-end технологиите, со цел за ми овозможи уште еден чекор понапред во планот да станам Full Stack Developer. Интересен е фактот што секогаш има нешто повеќе и нешто подобро да се научи или пак искористи, а сето тоа е уште по возможно да се реализира, кога ја имаш поддршката и помошта од тимот околу тебе.
