Olgica at People Ops

Дневникот на Олгица

Здраво по втор пат! Овој пат ви пишувам после 2 и пол месеци откако станав дел од тимот на Иборн. Овој период за мене значеше постојано проширување на обврските и одговорностите, односно се’ појасно согледување на големата слика за тоа што значи да се биде менаџер за човечки ресури.

Како што поминуваат деновите, моите искуства и вештини се зголемуваат константно. Како дел од тимот за човечки ресури и дел од оперативниот тим на Иборн, континуирано работев на интервјуирање на потенцијалните кандидати кои би го зголемиле нашиот тим. Овој процес е долготраен и навистина предизвикувачки, бидејќи нашата крајна цел е вистинскиот човекот на вистинското место.

Затоа што Иборн е компанија која се грижи за своите вработени, многу ни е важно тие да се чувствуваат ценети и испочитувани, па прославите за означување на една, две или повеќе години од вработување кај нас, се неизбежни. Јас и моите колеги од оперативниот тим посветуваме големо внимание околку организациите на овие настани и тоа ни преставува големо задоволство.

Секако, важно ни е и мотивацијата и задоволството на нашите вработени да е на високо ниво и тоа ниво да опстојува долготрајно. Затоа, постојаниот контакт и соработка, со цел да се задоволата барањата и потребите, стана една од моите основни задачи. Мене, особено ми претставува задоволство кога ќе го согледам крајниот резултат од сето тоа, односно задоволството на тимот на Иборн. Со оглед на мојата позиција, би рекла дека ниту еден ден не е ист со претходниот. Тоа навистина внесува динамика во секојдневието и претставува само мотивација плус да го дадам најдоброто од себе. Целиот процес ме учи на многу нешта и ме прави да се чувстува покомпетентна во однос на работните обврски. Дозираниот предизвик е она што би го издвоила како хајлајт за овој месец.

Бидете тука за да ги дознаете и идните мои искуства и секако искуствата на останатите колеги практиканти. До читање!