Здраво на сите!
Моето име е Мирко Славковски. Моментално сум на крајот од моите студии на ФИНКИ и сакам да го проширам моето знаење преку пракса. Јас сум најновиот практикант во iborn.net. Мојата пракса во iborn.net започна пред еден месец. Уште од првиот ден ја осетив пријатната атмосфера за работа, како и позитивното однесување на колегите, кои што веднаш ме прифатија и ми овозможија да се осеќам како дел од тимот на iborn.
Секој почеток знае да биде груб, но заедно со мојот ментор успевам да ги решам проблемите со кои што се сретнувам при учењето. Во изминатиот период имав можност да се запознаам со Redmine менаџмент технологијата, како и со BitBucket и TortoiseGIT. Мојата пракса започна темелно уште од самиот почеток. Започнав со креирање на спецификација за кориснички сценарија, што ми овоможи да се впуштам во решавањето на проблемите од страна на софтверска компанија. Притоа, пратејќи онлајн курс за CMS системот Drupal исто така ги изучував и технологиите со кои што работи истиот (PHP, Bootstrap, JS, JQuery).
Отсекогаш сум сакал да се трудам и учам нови работи, па затоа ми се допаѓа многу пристапот кон практикантите на iborn и овозможувањето на секакви ресурси за учење на истите. Првиот месец беше со малку падови( 😊 ) и многу подеми, кои што ги пребродив со помошта на мојот ментор. Се надевам дека следниот месец ќе биде уште поуспешен.
‘Till next time
