Здраво!
Повторно од Иборн, веќе два изминати месеци. Овој месец покажа дека се тоа што поминав теоретски во првиот беше добра основа за она што ме очекуваше. Иборн ми даде шанса да соработувам со еден од тимовите кои што работат на конкретен проект. Во склоп на проектот ми се доверуваат задачи кои се од исклучителна важност. На пример пишување на Specification By Example со употреба на Gherkin синтакса, е документација која девелоперот ја следи со крајна цел, желбата на клиентот да се имплементира во код односно во апликација. Кога девелоперот ќе го донесе проектот во фаза на тестирање, моја задача е да го направам истото веродостојно, следејќи ја истата документација. Но таа фаза сама по себе си носи и други технички побарувања. Така на пример за да се донесе проектот на тест сервер јас требаше да научам како да манипулирам со Git – Version Control (commit, switch, pull итн.). Потоа да се направи build и publish, да се постави site-от на тест сервер, се подесуваат config фајловите како и да се пуштат нови миграции итн.
Освен професионалните задачи, овој месец беше и повод на многу веселби. Причина плус за тоа како брзо и помина изминатиот период. Третиот месец е на повидок и се надевам дека ќе биде исто толку исполнет со нови предизвици и дружби!
