Magdalena at our offices

Дневникот на Магдалена Софеска

Со почетокот на летото започна и вториот месец од мојата пракса во Iborn.net. Овој месец донесе нови обврски и задачи кои би ми помогнале да го надополнам своето знаење во секој поглед.

Започнав да размислувам  на начини на кои може да се имплементираат нештата, различни од веќе виденото, начини кои би довеле до оптималност на решението и негова реискористливост.  Сепак сето тоа е овозможено од моите колеги и ментор, коишто безрезервно ми помагаат и советуваат за подобри решенија, а со тоа и подобри резултати. Моментално сум во тек на ислушување на нов курс за Angular 8 , кој нуди запознавање и пракса во front-end  технологија, која подоцна би се поврзала со соодветна технологија за back-end. Секој ден носи нови предивици, и нови знаења, нешто што предходно за мене изгледало невозможно сега станува реалност, да не кажам секојдневие.

Напредокот и растот на моето знаење веќе се чувствуваат, се здобивам со самодоверба и сигурност во тоа што го работам и учам, како и задоволство по успешно завршена задача.

Неодамна бев дел од YAKSS, каде што имав презентација за секојдневна употреба и имплементација на Arduino Uno микроконтролер, тогаш ги увидов сите начини на кои членовите од тимот на Iborn.net се едуцираат и ги прошируваат своите знаењата во многубројни различни обасти.

Ова е месец уште од самиот почеток се покажа како многу корисен и исполнет со нови задачи, знаења како и дружби со целиот тим. Убедена сум дека работата и учењето се секогаш попродуктивни кога има меѓусебна дружба и поддршка, а точно тоа е случајот во Iborn.net.