Здраво, моето име е Илија и моментално сум практикант кој се стреми да стане дел од QA тимот на Iborn. Како дипломиран инженер по телекомуникации, почетокот на оваа пракса за мене претставува и почеток на една нова авантура.
По точно еден месец како практикант, можам да кажам дека Iborn навистина ми овозможува да се чувствувам како дел од тимот. Од заедничките активности, спортски рекреации па се до времето и ресурсите вложени за јас да стекнам подобро знаење, Iborn се покажува како компанија која се грижи за своите. Пред да ја започнам оваа патека имав и свои очекувања. Благодарение на мојот ментор во текот на овој месец се сретнав со работи кои што се од исклучителна важност за почеток во оваа кариера. Ако пред да започнам, автоматското тестирање ми изгледаше како science fiction, од оваа перспектива ми изгледа се возможно.
Во текот на првиот месец поголемиот дел од времето го поминав во едукација на алатки и запознавање на платформи и рамки со кои што Iborn функционира. Како најинтересен дел од едукативниот процес би ги издвоил курсевите за автоматско тестирање со Selenium Web-drive и Cucumber.
По овој прв месец, сум мотивиран да помогнам во реалните задачи со кои што тимовите на Iborn се соочуваат, со цел мојот напредок да резултира и во подобар Iborn продукт.
