Olgica at People Ops

Дневникот на Олгица

Здраво! Јас сум Олгица и сум првата практикантка во одделот за Човечки ресурси на iborn.net. Јас сум дипломиран психолог со доедукација во областа на ЧР, кој нестрпливо чекаше своето теоретско знаење да го зголеми и преточи во пракса. Таа можност ми ја пружи тимот на iborn.net.

Денес означуваме еден месец одкако станав дел од тимот и би рекла дека овој месец беше супер исполнет и активен. Краток и интензивен период кој резултираше со тоа  да се почувствувам како да сум дел од компанијата многу долго време. Пријатната атмосфера за работа ги задоволи и надмина моите очекувања за тоа како би изгледало моето прво работно место.

Во првите недели од праксата постојано усвојував и работев разни задачи кои се градуираа постепено. Целото мое учење и работење е под сувервизија на мојот ментор, на кого сум и’ неизмерно благодарна. Освен менторот, можам слободно да кажам дека целиот тим на Iborn.net поседува тимски дух и е подготвен за помош и соработка. Уште нешто што посебно ме инспирира е слободата сама да си го организирам работниот ден и самоиницијативно да ги креирам задачите. Досега, најмногу сум ангажирана во делот Регрутација и Селекција, односно на проширување на нашиот тим со членови кои навистина внимателно и посветено се бираат. Фокусот најмногу беше на контактирање со потенцијалните кандидати и интервјуирање. Исто така, работев на  подобрување и одржуување на условите за работа и бенфициите кои ги уживаат нашите вработени.

Ентузијаст сум и нестрплива да учам, напредувам, да ги совладувам предизвиците и со сето тоа да придонесам за развојот на iborn.net во уште подобра и поуспешна компанија.