Magdalena at our offices

Дневникот на Магдалена Софеска

Здраво јас сум Магдалена Софеска, најновата практиканта во ИБОРН. Мојата приказна е малку поразлична од останатите, таа започна со следење на онлајн курс за MySql, по завршување на истиот продолжив со нов и подолг курс за Spring Framework.

Редовната пракса во просториите на ИБОРН започна пред точно една недела, со решавање на задачи кои понатаму би ми помогнале да се справувам и со проблеми од реалниот свет. Се запознав со Redmine системот и начинот на работа со него, како и употреба на Tortoise Git. Моментално работам на изработка на Issue Tracking System со помош на Spring Boot, при чија што изработка наидов на проблеми коишто досега не сум ги имала, но сепак успешно се решаваат и надминуваат.

Работната атмосфера, пријателскиот однос како и секојдневните задачи ми претставуваат најголема мотивација и инспирација. Добивам поддршка и совети од сите членови на тимот и со нетрпение ги исчекувам престојните месеци.