Elena at our offices

Дневникот на Елена

Здраво повторно!

Помина уште еден месец за мене во Iborn. Морам да кажам дека на мое огромно задоволство, од почетокот на овој месец јас сум и официјално вработена во iborn.net и дека успешно ги поминав сите чекори на патот од пракса до вработување.

Периодов станав дел од тимот на Мелино, кој работи на проект од музичката индустрија каде што бев одлично прифатена од останатите колеги и каде имам можност стекнатото знаење од праксата да го применам и подобрам.

Изминатиот месец работејќи на реален проект научив премногу работи, пред се почнувајќи од начинот на работа и принципот на имплементирање нови features во апликација, потоа како тече процесот на тестирање на апликација и како се решаваат багови со цел да се доведе квалитетот на софтвер на повисоко ниво, начинот на комуникација  и споделување знаење и многу други работи.

Како поинтересно случување изминатиот месец би ги издвоила неколкуте неофицијални дружби после работа, како и заедничкото учество на хуманитарна трка која се организираше во градскиот парк на која што супер се забавуваме.

Во Iborn сфатив дека пријателската блискост и дружба меѓу колегите можат да се комбинираат со професионална работна атмосфера, продуктивност на проектите и личен напредок и развој. На самиот почеток на овој период полн со предизвици можам да кажам дека навистина се радувам што мојата кариера ја започнувам токму во оваа компанија.