Помина и третиот месец од мојата пракса во iborn во кој континуирано работев на реален прект. Крајот на праксата и започнувањето на новиот месец донесе нов предизвик за мене, вработување. Се вработив како junior software developer и притоа продолжив да работам на Brainnet на кој што работев и за време на праксата. Времето сумирано од мојот практикански ангажман е дефинитивно одличен влог за почетокот на мојата кариера.
Во измнинатиот период го надограував моето знаење и искуство за одредени технологии како .NET MVC, .NET WebApi, SQL, EntityFramework кои се темел за профилот кој сакам да го работам, го подобрив мојот пристап кон решавање на проблемите и добив увид за тоа како функционира една ИТ фирма.
Со помош на колегите и нивната поддршка стекнав поголема самодоверба и сум мотивирана да одговорам на новите секојдневни предизвици и проблеми.
