Elena at our offices

Дневникот на Елена

Здраво повторно!

Уште еден интересен месец во IBORN, полн со предизвици е зад мене! Во претходните неколку недели успешно работев на апликацијата SurveyApp во која ги имплементирав сите потребни модели на серверска и клиентска страна, поважните контролери и методи, како и најголемиот дел од функционалностите во апликацијата вклучувајќи: најавување, регистрација на нови корисници, креирање и едитирање на различни типови на прашања, креирање на нови анкети и одговарање на постоечки анкети и сл.

Овој месец исто така значително бев фокусирана на воведување логирање на корисник со добивање на автентикациски токен и учев повеќе за Token based authentication, воведување улоги во апликацијата и различни видови корисници, креирање на Interceptor-и за пресретнување на секој request во насока сервер-клиент и обратно, како и воведување на авторизација. Морам да признаам дека овој дел беше предизвикувачки и навистина многу научив првенствено преку знаењето кое го сподели мојот ментор со мене, а потоа и преку самостојно проучување на имплементацијата на истите работи на реалниот проект Melino.

Во последната недела имав можност да се запознаам со реален проект кој ги користи истите технологии кои ги изучував во изминатите месеци – Melino и успеав подетално да ја проучам структурата и бизнис логиката на истиот. Како интересно случување овој месец би го издвоила и присуството на Контакт – саемот за вработување и пракса кој се одржуваше на техничките факултети, всушност на факултетот каде пред неколку месеци токму јас се стекнав со инженерска диплома.

Овој пат не бев од страната на студентите кои бараат пракса и вработување, туку од онаа другата, како претставник на IBORN, практикант, кој може да им ја долови на останатите атмосферата во компанијата, начинот на работа и стекнататото знаење при целиот процес. На настанот, заедно со дел од останатите колеги имавме можност да ја претставиме својата приказна во IBORN и да ги претставиме условите кои ги нуди истата на патот на кариерата на секој студент.

Месецот ми помина доста брзо и навистина се радувам на наредниот убав период кој доаѓа и кој ми претстои во IBORN, а за кој ќе пишувам наредниот месец на овој блог.