Последниот месец од мојата пракса во Iborn заврши успешно, а во него се соочив со многу нови предизвици кои накратко ќе ви ги раскажам. Прво започнав со слушање на Java Spring Framework курсот. По завршувањето на курсот продолжив со работа на Godo проектот на кој ми беше доделена задача од back-end областа. Како резултат на успешно изработената пракса, добив понуда за работа. Од овој месец официјално станав дел од Iborn тимот. Самото вработување значи нови предизвици и одговорности со кои со нетрпение чекам да се соочам.

Дневникот на Нино Цветаноски
—