Помина и вториот месец од мојата пракса. На почетокот од овој месец имав SQL Onboarding програма која вклучуваше осмислување и имплементирање на апликација за онлајн купување. Во оваа апликација требаше да ги имплементирам претходно стекнатите знаења, како и да направам една паралела за имплементација на CRUD операциите при користење на ADO.NET од една страна и Entity Framework како ORM framework од друга страна.
Предизвикувачки беше да се направи некое trade-off решение кои ќе ги покрие потребите за онлајн апликацијата, а притоа да не се изгуби премногу време анализирајќи “што понатаму би ни требало”. Понатаму, добив можност да се запознаам и да работам на реален проект, со што се поместив од комфорната теоретска зона и увидов една многу по комплицирана и практична слика која исцртува бизнис идеа во код.
Поголема е забавата при решавање на проблемите кои се по обемни и сложени, но со тоа поголема е и одговорноста за истите. Секојдневната комуникација со клиентите ме учи како кратко и јасно да ги дефинирам своите проблеми и барања и како да ги поставувам вистинските прашања за кои сакам да добијам одговор.
Она што посебно ме радува се Knowledge sharing сесиите и часовите по Business English. При Knowledge sharing сесиите секој еден ibornian го споделува своето знаење за некоја технологија или концепт на кој работи, па секоја недела имам шанса да слушнам и научам нешто ново. На Business English часовите секогаш обработуваме интересни теми, а истовремено ги подобруваме своите writing, speaking, listening skills. Сето тоа ме гради како попрофесионална личност и ме мотивира да учам, напредувам и работам уште повеќе.
