Nikola at iborn's office

Дневникот на Никола Јолевски

Изминатиов месец континуирано работев на реалниот проект, заедно со целиот тим. Следев и онлајн курс за Angular 7 со што стекнав нови знаења од оваа технологија. Така помина последниот месец од мојата пракса во просториите на ИБОРН. Пријатната и позитивна атмосфера продолжува да биде дел од нашето секојдневние – почнувајќи од изработувањето на проектите,заедничките состаноци, па и неизбежните паузи напладне.

Три месеци ја посетував праксата и се навикнував на работните задачи, како и на тимот со кој работам. Пред нешто повеќе од две недели започна и новиот месец кој донесе и еден целосно нов предизвик за мене. Официјално станав дел од ИБОРН како вработен. Шанса за мене – наученото во месеците како практикант да го применам во реализација на проектите кои следат. Подготвен сум за нив, но подготвен сум и за дополнителни знаења и напредок.