Јас сум Стојкова Сања и пред еден месец ја започнав мојата пракса во Iborn. На самиот почеток станав дел од една пријатна професионална работна атмосфера, од каде што се инспирирав да се изградам како професионална личност и да станам дел од тимот кој ја креира сликата за Iborn. Во изминатиот период имав можност да се запознаам со Redmine менаџмент технологијата, како и со BitBucket и TortoiseGit.
Пишував спецификација со помош на User Stories што општо ми го отвори погледот за пристапот кон проблемите, како и се запознав со N-tier архитектурата.
Пратев онлајн курсеви паралелно изработувајќи помали соодветни задачи со крајна цел да го проширам моето знаење за Databases и SQL Querying, Entity Framework и ASP.NET MVC. Сакам да учам и да напредувам, пријатниот амбиент и позитивната енергија која зрачи од тимот на Iborn се совршена средина за со задоволство да се исправам пред следните предизвици и да дадам се од себе.
