Nikola at iborn's office

Дневникот на Никола Јолевски

Изминатиот месец помина во знакот на новогодишните и божиќни празници како неизбежен дел од дружбата со колегите. Празничните прослави ги поминавме во весело расположение,добра музика и желби за успех на личен и професионален план. Во делот на работните обврски го завршив видео курсот за spring framework-от кој го почнав минатиот месец.Продолжив да работам на Godo проектот каде што за front-end користам Angular 6+, a за back-end Spring Boot. Верувам за секој практикант е предизвик да работи на реален проект.Тоа мене ме поттикнува да учам повеќе и да го надоградувам моето знаење.Секако за ова имам целосна поддршка од менторот и од останатите колеги од тимот,кои секогаш се тука да помогнат.