Teodora GJ

Дневникот на Теодора

Изминатите 3 месеци во ИБОРН.НЕТ поминаа доста брзо. Во овој период се стекнав со многу нови знаења и искуства со работа на реални проекти. Тоа што навистина го ценам е што добив шанса да се докажам себеси, како и можност да напредувам со помош од колегите кои се подолго време во фирмата.

Како резултат на успешниот тримесечен период на пракса, добив можност за вработување. Свесна сум дека следуваат многу предизвици и можности за учење и напредување, и затоа со нетрпение ги чекам следните проекти.