Заврши и вториот месец од мојата пракса во Iborn.
Овој пат можам да се пофалам дека по завршувањето на курсот за Angular 7 веднаш ми беше доделена задача на проектот Godo. Морам да признам дека бев пријатно изненаден бидејќи тимот кој работи на тој проект имаше доволно доверба во мене да ме прифати како негов најнов член и да ме воведе во принципот на работа на еден реален проект.
Во изминатиот месец изработив неколку задачи преку кои постепено го усовршувам своето знаење на Angular платформата. Во моментов работам покомлексна задача која претставува вистински предизвик за мене, но со поддршката од Iborn тимот не постои предизвик со кој не би можел да се справам, а за искуството со овој предизвик ќе ви раскажам наредниот месец.
