Во текот на вториот месец од мојата пракса јас продолжив да работам на апликацијата која ја бев започнал во првиот месец. На крајот од правата недела успешно го завршив дизајнот на апликацијата и продолжив со тестирање на истата, и останува само да се постави на сервер. Од втората недела имав можност да започнам да работам на реален проект заедно со тимот на BrainNet кои несебично ми помогаа со новите предизвици кои ги среќавав во текот на работењето. Во текот на мојата пракса стекнав многу нови вештини и ги подобрив моите комуникациски вештини што ми помага многу со клиентите, бидејќи сега како дел од проектот имам можност директно да комуницирам со нив. Во останатиот период продолжив да го надоградувам моето знаење со ASP.NET Core технологијата и да се подготвувам за новите предизвици.

Дневникот на Величе Илоски
—