Teodora GJ

Дневникот на Теодора

Во тек на вториот месец во ИБОРН успеав да се стекнам со дополнителни знаења во областа на UX/UI преку работата на неколку нови проекти. Имав можност да работам и комуницирам директно со клиенти што ми помогна да научам нови комуникациски вештини кои се многу важни за градење на успешна кариера. Исто така работам со тим од софтвер инженери и на тој начин учам како функционира целиот процес на развој на успешен софтверски продукт. Последно би издвоила дека освен дизајн алатките со кои веќе работам, почнав да учам и нови, а ИБОРН ми ги обезбеди сите потребни ресурси да се стекнам со знаење во истите.