Здраво јас сум Никола Јолевски, апсолвент на ФИНКИ. Со студиите сум пред самиот крај, а дел сум од процес кој е неизбежен. Неизбежен барем за оваа професија,а тоа е практиканство во ИТ компании кое е можеби и најважната алка. Моето теоретско стекнато знаење низ академските клупи имам можност да го применам и надоградам на практична работа во ИБОРН. На пракса започнав пред еден месец. Во првите денови имав можност да се запознаам со:
• Redmine project management апликацијата
• Работа со git и bitbucket сервисот за верзионирање на код
• Git branching моделот што се користи во фирмата
• и секако со колегите 😊
Потоа продолжив со следење на видео курс за spring framework-от што ми овозможи да стекнам долопнителни познавања на оваа технологија. Веќе од третата недела се запознав и работев на проект што се изработува за клиент од Исланд. И сето тоа со континуирана помош од менторот и останатите колеги кои ми помогнаа полесно да ги совладам новите работи.
За успешна работа и вистински корисно практиканство не е важно само да се учествува, било каде и било како. Работната атмосфера и средината се важни речиси исто колку и знаењето со кое доаѓаме од факултетските денови. ИБОРН тоа го нуди. Позитивна и продуктивна работна средина, инспиративна атмосфера која мотивира да развиеш нови вештини, да ја развиваш креативноста и да те направат подобар. Истовремено и заеднички дружби, прослави и спортски активности. И тоа е многу важно за секој млад човек, кој допрва ја започнува професионалната кариера. Затоа, колку и да ми е тешко раното станување наутро, влегувам со желба да научам повеќе и со предизвик успешно да ги совладам поставените задачи.
