Јас сум Нино Цветаноски и минатиот месец започнав на пракса во Iborn. Како иден дипломиран инженер решив да ги усовршам своите знаења и да ја градам својата кариера како успешен Web Developer. Својата пракса одлучив да ја започнам во Iborn поради позитивните коментари кои ги имав слушнато за компанијата.
Во текот на првата недела се запознав со начинот на нивната работа т.е. запознавање и користење на Redmine системот, како и Git и TortoiseGit технологиите.
Во втората недела започнав со интензивно усовршување на Angular 7 платформата и во изминатиот месец со помош на мојот ментор изработив single-page веб апликација (Web-Cook) за пребарување и манипулирање со рецепти. Како back-end технологија го користев firebase сервисот на google кој ми помогна во запознавање со начинот на работа на back-end делот.
Покрај искуството кое го стекнувам, ми се допаѓа и дружењето во иборн. Се надевам дека наредниот месец ќе имам да ви раскажам многу поинтересни работи.
