Јас сум Теодора и минатиот месец почнав на пракса за UI/UX дизајн во иборн. Тоа што ми се допадна тука е што веднаш добив можност да работам на реални проекти преку кои брзо се вклопив во компанијата, и почнав да соработувам со неколку колеги од тимот.
Уште на почетокот имав голема поддршка од менторот кој ме водеше низ целиот процес и запознавањето со работата, како и од останатите вработени со коишто имав можност да работам на ист проект. Во првиот месец од мојата пракса почнав да работам на два проекта. Едниот е за здравствена установа од Данска за која што развиваме веб и мобилна апликација. А, во вториот проект работиме на редизајнот на веб страницата на клиент од Германија.
Досега имав работно искуство како фриленсер, но првиот месец во иборн ми помогна да подобрам некои soft skills, како работа во тим и комуникација со клиенти што е одлично за мојата кариера. Ми се допаѓа тоа што веруваат во мене и што секојдневно имам можност да ја развивам мојата креативност и да се подобрувам во тоа што го работам.
