Dnevnikot na Toni

Дневникот на Тони Гелев

Заврши и последниот месец од мојата деловна пракса во ИБОРН.НЕТ. Но овој завршеток е почеток на нешто многу поголемо, почеток на мојата професионална кариера. Повеќе не сум практикант. 

Чувството да се биде вработен во компанија каде можеш да ја видиш својата иднина и напредуваш е неописливо, нешто што секој би го посакал. Најпосле можам да кажам дека се исплати целиот труд кој го вложив овие три месеци.

За време на мојата пракса успеав да се стекнам со многу нови знаења и да добијам појасна слика што се случува во ‘вистинскиот свет’ на оваа професија. Научив подобро да развивам софтвер, да наоѓам подобри решенија, работа во тим, комуникација со клиенти, се стекнав со нови современи технологии итн.

Секако одговорностите и очекувањата од мене се поголеми, но ова јас го гледам како предизвик и мотивација да ги надминам бариерите со цел да се надградам и да станам подобар developer.