Martin at our office

Дневникот на Мартин

По изминување на третиот месец како практикант, се оствари мојата примарна цел за која што се стремев уште кога ја започнав праксата во ИБОРН.НЕТ, а тоа е вработување, нештото за коешто се стремиш и работиш во текот на студиите.

За време на мојата пракса имав прилика да работам на вистински проект, и да го завршам до крај. Па така моето искуство и знаење порасна, а моите погледи за software development – от се променија и созреаа. Понесен од одличната работна атмосфера, и пријатното опкружување во ИБОРН.НЕТ, без размислување одлучив мојата професионална кариера да ја започнам токму тука.

Преминот од практикант во вработен, разбирливо, носи дополнителни промени и одговорности кои се поголеми и треба да се сфатат малку посериозно. Сега работам во тим на доста голем проект, кои носи големи предизвици и соочувања проследени со сложени проблеми. Но мислам дека во професионално и пријатно опкружување во какво што имам прилика да работам јас, зборот “проблем” не треба да фигурира во речникот.