Чувството е одлично кога знаеш дека си ја направил правилната одлука и си решил можеби еден од поголемите проблеми во животот, да се вработиш и го работиш тоа што го сакаш. Јас одлучив да ја започнам мојата кариера во IBORN.NET и мислам дека не згрешив. Помина околу еден месец откако започнав да работам во IBORN.NET. Продолжив да работам на проектот Godo, на кој работев и за време на мојата пракса. Работната околина во компанијата е прекрасна, колегите се секогаш тука ако имам некој проблем. Задачите што ги извршувам се малку поголеми од тие кога бев на пракса и одговорностите се поголеми, но тоа е дел од работата и не се тешки за извршување.

Дневникот на Александар Малчев
—