Уште пред да почнам да размислувам за вработување, некаде слушнав дека најлоша комбинација за соработка е маркетер и програмер. А, јас всушност сум преведувач, кој скоро излезе од Академијата за дигитален маркетинг на Brainster. Значи, комбинацијата беше тазе маркетер и многу програмери. Но, и покрај сите двоумења решив да ризикувам и од сите понуди што ги имав, одлучив да почнам со пракса во iborn.net – софтверска компанија од Македонија.
Iborn го одбрав затоа што уште на првото интервју ми оставија впечаток дека се компанија со одлична организација, јасна цел и стратегија – супер подлога за добра комуникација.
На почетокот се чувствував вака:

Но, многу брзо почнав да учам нови работи и многу лесно се вклопив во компанијата. Дури почнав и да разбирам што зборуваат.
Уште од самиот старт веруваа во мене и во мојот потенцијал и ми пружија можност да работам на речиси сè што знаев за дигитален маркетинг и да стекнам практични вештини. Па така, заедно со мојот ментор почнавме да ја креираме content стратегијата, која е основа за сè што се објавува на социјалните мрежи, за содржината на веб страницата, за организацијата на настани, генерирањето нови лидови и мерењето на резултатите преку Facebook и Instagram Insights и Google Analytics.
Овој месец имав можност да научам и нова алатка Google Tag Manager која ни дава уште попрецизцни резултати и лесно се интегрира со Facebook, Google Analytics и со веб страницата. За во иднина имаме многу идеи на кои сите секојдневно работиме за нивна реализација.
