Toni at iborn

Дневникот на Тони Гелев

Во тек е и вториот месец од мојата практична работа во ИБОРН. Моето искуство и знаења значително се зголемуваат секојдневно. Во моментов работам на проектот Notemoon, каде го градам дизајнот на апликацијата. За приказ на податоците и изгледот користам Angular 6. За обработка на податоците повикувам Api изработено со Asp.net. Ангулар е Typescript-базирана фронт-енд веб апликациска платформа која моментално е доста ‘популарна’ и барана  во IT светот.

Многу сум задоволен што ја имам можноста да ја градам својата кариера во една прекрасна, а воедно и професионална околина. Воспоставив контакт со многу вработени кои во секој момент се спремни да го пренесат своето знаење и помогнат во секојдневните предизвици.

Исто така воспоставив и контакт со некои од клиентите за кои работам што е одличен фактор за градење на ‘soft-skills’ и одржување професионализам.