Martin at our office

Дневникот на Мартин

Првите неколку недели од вториот месец како практикант во IBORN завршија успешно! Бројот на предизвици расте секојдневно и ми претставува задоволство што успевам да се соочам со нив. Вториот месец го започнав со полна пареа и работа на проектот на кој и досега работев.

Можам да кажам од сегашна гледна точка по изминат месец и неколку недели дека имав прилика да сфатам и научам дека постои решение за секој проблем колку и да изгледа нерешлив. Проектот на кој што работам е некаде на пола и се обидувам да најдам подобри решенија на веќе сработените функционалности. Работата со Git технологиите преку BitBucket ја донесов до малку повисоко ниво. Исто можам да го кажам и за работењето со системот за project management RedMine. Научив да работам со повеќето алатки кои овозможуваат процесот на работа да биде полесен и појасен.

Следната недела очекувам да ја започнам со појако темпо на работа и решавање на проблеми кои се огромно задоволство особено кога решението за истите ќе биде пронајдено.