Malchev

Дневникот на Александар Малчев

Јас сум Александар Малчев и  сум студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Пред отприлика два месеци ја започнав мојата пракса во IBORN.NET. За компанијата дознав од саемот за вработување и пракса КОНТАКТ 2018, кој се одржа на нашиот факултет. Како студент кој е на прагот од дипломирање свесен сум дека практикантската работа е неопходна за усовршување на стекнатото знаење од факултет и еден од основните “клучеви” за напредување и понатамошен  успех. Поради тоа аплицирав за практикантска работа и на мое големо задоволство имав можност да започнам  во  ИБОРН.

Во текот на првиот месец имав можност да се запознаам со сите вработени и секојдневно да учам и работам во прекрасна работна атмосфера. Искуството да се работи со луѓе кои во секој момент се спремни несебично да ти помогнат е непроценливо и за мене претставува привилегија што добив можност да посетувам пракса во една таква компанија. Мојот прв впечаток за компанијата беше фасцинантен. Самото интервју беше доста опуштено, а и воедно многу професионално. Уште од тој прв момент бев мотивиран да дадам се од себе да се вклопам во новата средина, иако за истото не беше потребно многу. Вработените беа отворени кон нови членови во тимот, а и секогаш тука кога ми требаше помош.

Во текот на првата седмица се запознав со  REDMINE-project management платформата на IBORN и со системот за верзионирање на код  Bitbucket и Git Branching моделот кој што се користи во IBORN. Потоа продолжив со гледање на видео-курсеви на Udemy за Angular 6 и Spring Boot, технологиите со кои ќе  работам на проектот за време за мојата пракса. Се запознав и со веб апликацијата на која ќе работам заедно со другите колеги, Godo. Потоа продолжив со работа на Godo, направив неколку компоненти, пишував Unit тестови за контролерите и сервисите. За изминатиот период можам да кажам дека сум задоволен од професионалниот пристап кон работата и отвореноста за соработка со колегите кои се секогаш достапни за помош при решавање на проблемите и предизвиците со кои досега се соочив.

Во текот на наредните седмици работев на Godo заедно со другите колеги и научив многу нови работи од полето на програмирањето од мојот ментор кој несебично го споделуваше своето знаење. По завршувањето на праксата од два месци ме вработија како помлад програмер. Многу сум задоволен од работната атмосфера во компанијата како и дружењето со колегите. Во IBORN.NET стекнав многу знаење и сметам дека е добар почеток за мојата кариера.