Kristina at our garden

Дневникот на Кристина

Јас сум Кристина и сум втора година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство. Неодамна ја започнав мојата летна пракса во ИБОРН. Начинот на кој ИБОРН тимот ми направи да се чувствувам добредојдено уште од самиот почеток беше повеќе од пријатен. Заедничкиот појадок во понеделник и опуштената работна атмосфера беа само дел од работите кои ги надминаа моите очекувања со самото пречекорување на прагот на Варшавска 9а. 

На работен план, мојот ментор, Игор, ме насочи кон доста интересни задачи во текот на сите три месеци во оваа компанија. Првиот месец ми помина во запознавање на Drupal 7, Drupal 8, изработка на custom модули за истите во PHP, како и запознавање со Bootstrap 3 и Saas.

Во текот на вториот месец покрај постоечките задачи, го поминав во запознавање на ASP.NET MVC 5, Entity Framework и стекнување основа за работа со бази на податоци и изработка на основни CRUD (Create, Read, Update, Delete) апликации.

Третиот месец помина главно во изработка на новиот iborn сајт, како и запознавање со less технологијата. Како студент од втора година, мислам дека ова беше значително искуство за изградба на мојата понатамошна кариера, а воедно и поттик за напредок на полето во кое работам.