Toni at iborn

Дневникот на Тони Гелев

Како студент на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство можам да кажам дека практичната работа е една од најдобрите искуства со кои може да се стекне еден студент од ова поле. Ја имав таа чест да станам дел од тимот на ИБОРН и многу сум благодарен бидејќи работната околината во која се наоѓам е токму она што од секогаш сум го посакувал.

Како практикант, првата недела ми помина со запознавање на работната околина и надополнување на веќе стекнатите знаења. Некои од технологиите се:

⦁ ASP.NET
⦁ Entity Framework
⦁ SQL
⦁ Angular

Се запознав и со работа со Redmine, Git, BitBucket итн. Мојот ментор Мартин ми помогна да поставам два од веќе постоечките проекти на мојата локална машина на кои наскоро ќе треба да почнам да работам. Можам да кажам многу сум задоволен од досегашното искуство и сметам дека е добар почетен чекор за мојата кариера.