Martin at our offices

Дневникот на Мартин

Јас сум Мартин, дипломиран на факултетот за компјутерски науки и технологии при универзитетот на Југоисточна Европа, департман бизнис информатика.

Неодамна го започнав првиот месец од мојата пракса во компанијата ИБОРН. За оваа компанија дознав од мој пријател кој воедно е и вработен во компанијата. Бидејќи компанијата работи со технологиите со коишто сакам да работам и да ја градам мојата професионална кариера, одлучив да аплицирам и моите практични знаења и искуства да ги збогатам токму во ИБОРН.

Уште во првата недела од мојата пракса бев топло пречекан од колегите, што ми овозможи веднаш да се почувствувам како дел од тимот. Позитивно сум изненаден и од културата на оваа компанија и меѓусебниот пред сè пријателски однос на вработените.

Во првата недела имав можност да се запознаам со процесот на работа на една компанија како дел од ИТ индустријата. Тоа вклучуваше запознавање со Git технологиите преку BitBucket и работа со системот за project management RedМine.

Понатаму започнав со работа на неодамна започнат проект за изработка на текстуален едитор кој треба да користи како jQuery plug-in. Веднаш по onboarding процедурата започнав со изработка на функционалностите на текст едиторот, збогатувајќи го досегашното практично знаење во областа на програмирањето користејќи: HTML5, CSS3, JavaScript, jQuery.

За овој еден изминат месец во ИБОРН можам да кажам дека сум задоволен од професионалниот пристап кон работата и отвореноста за соработка со колегите кои се секогаш достапни за помош при решавање на проблемите и предизвиците со кои досега се соочив. Се радувам на наредните предизвици со кои ќе се сретнам понатаму, бидејќи секој поминат ден во ИБОРН претставува збогатување на знаењето и искуството.