Јас сум Димитар Милески и сум студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Пред отприлика еден месец јас ја започнав летната пракса, и започнав со практикантска работа во IBORN.NET. За компанијата дознав од саемот за вработување и пракса КОНТАКТ 2018, кој се одржа на нашиот факултет.
Во текот на изминатиот месец се запознав со REDMINE-project menagment системот, како и BitBucket кои што се користат во IBORN. За време на мојата практикантска работа бев вклучен во проект за изработка на онлајн текст едитор, кој што беше имплементација на Medium WYSIWYG Inline Rich Text Editor.Технологиите кои што беа вклучени во изработка на проектот се JavaScript, JSON, CSS, HTML. Пропратно со изработката на проектот следев и курсеви, се со цел да се продлабочат моите знаења, како практични така и теоретски. Еден од курсевите што го следев беше ServerSide NodeJS. Со помош на курсот се запознав со концептите на V8 engine, Express, MeanStack, MongoDB, npm(Node Package Manager) и многу други. Покрај практичната работа на проекти и теоретското знаење кое што го добив во IBORN.NET секако тука беа присутни и останатите колеги кои што беа отворени за прашања и дружба.
