Marija Kovachevska at iborn's house

Дневникот на Сара Ковачевска

Мојот втор месец како практикант во IBORN помина супер! Исто како и првиот месец продолжив да ги надградувам и усовршувам моите знаења од областа на Софтверското инженерство и развој на софтвер, а поконкретно се задржав на новата популарна технологија React.

React e библиотека на Javascript за градење кориснички интерфејси и е користена за развој на популарните социјалните мрежи Facebook и Instagram. После завршување на onboarding процедурата за совладување на React во комбинација со Redux следува изработка на мојот втор самостоен проект кој ќе биде изработен за потребите на IBORN.

При следењето на onboarding процедурата покрај учење од туторијали, се изработуваат и вежби за применување на сите дотогаш научени концепти и методи.